ЦБЗР – Центар за безбедност и здравје при работа

Друштвото ЦЕНТАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ДОО Тетово формирано во текот на 2011 година, со вршење на дејност отпочна од 19.09.2011 година како Друштво за техничко испитување и анализа, друштво кое е овластено да дава правни услуги на останатите друштва од областа на безбедност и здравје односно заштита на работа. Друштвото е сместено во деловни простории просторно и технички опремени согласно законските барања, лоцирани на улица Благоја Тоска во Тетово.
Друштвото бележи постојан раст и присаство на локалниот и регионалниот пазар и истото се повеќе го препознаваат по понудата и квалитетот на услугите кои ги нуди и дава на своите клиенти, со што стана познато во поширокиот регион.
Друштвото со својата кадровска екипираност, стручна и практична подготовка, со положени стручни испити и добиени уверенија по БЗР, просторна и техничка опременост се здоби со посебни овластувања од страна на МТСП на РМ за давање на услуги од областа на безбедност и здравје при работа на сите регистрирани правни субјекти на целата територија на РМ.

Услуги кои ги овозможуваме

  • Веб дизајн
  • Веб хостинг
  • Регистрација на домен
  • Одржување