За Sensation Advertising

About-us-2Откако по првичните анализи и согледувања на пазарот увидовме на недоволната развиеност и свест кај компаниите за огромните потенцијали на Интернет маркетингот, дојдовме до заклучокот за постоење на проблем во оваа област, проблем за кој како решение ја понудивме „Sensation Advertising“. Нашата визија е „Sensation Advertising“ да ја доведеме до водечка и уникатна компанија од областа на Интернет маркетингот на нашиот пазар. „Sensation Advertising“ постои заради задоволување на потребите на компаниите за квалитетен и практичен начин на огласување преку Интернет на Македонскиот пазар, при што обезбедува и услуги за своите корисници со кои финансиски ги стимулира за посетувањето на рекламите од нашите клиенти.

Развојот на Интернетот донесе многу уникатни бенефеции за маркетингот, од кои едни од позначајните се пониската цена на дистрибуција, како и фактот што истиот претставува медиум за глобалната публика. Значењето на Интернет маркетингот се гледа и во неговата интерактивна природа како за обезбедување на инстантен одговор од страна на публиката, така и за предизвикување на нивната реакција. Секогаш кога ќе се спомене Интернет маркетинг не се мисли само на дигиталните медиуми, т.е Интернет, Е-пошта, социјални медиуми и сл., туку тој вклучува и управување со дигиталните податоци на неговите корисници и во тој поглед претставува систем за управување на електронските кориснички врски.understanding-internet-marketing

Во текот на своето досегашно три годишно работење, Sensation Advertising воведува и дополнителни услуги, поконкретно во областа на веб хостинг, веб дизајн, закуп на национални Македонски домени, ИТ консалтинг и сл. Преку нив всушност сакаме да понудиме едно комплетно решение за нашите клиенти, решение кое ќе им овозможи да бидат спремни и со сигурност да навлезат во дигиталниот свет.

00_aboutusНашиот имиџ е една од главните цели во која постојано вложуваме, нешто по кое во иднина клиентите јасно би не препознавале и би имале еден позитивен став кон нашата дејност. За да го постигнеме ова, уште од почетокот континуирано се трудиме нашата компанија да се стекне со име кое во очите на клиентите ќе претставува синоним за квалитет, ниски цени, доверба, ефикасност и сл. Нашата цел е во блиска иднина да изградиме солидна позиција на пазарот, со што во понатамошниот период во целост би можеле да го користиме позиционирањето како маркетинг средство.